Второ големо откритие за рекордно време! Пронајден дијамант во Русија од 100 карати: Обликот на овој скапоцен камен докажува дека природата е најдобриот јувелир!

771

Алроса, светски лидер во рударството во Русија, ископал дијамант со врвен квалитет на својата локација во североисточниот регион на Јакутија.

Дијамант од речиси 100 карати е вториот најголем дијамант кој некогаш бил пронајден на тоа место. Дијамантот, кој има необичен облик, бил пронајден на 17-ти февруари.

Неодамнешното откритие докажува дека рудникот за дијаманти во Јакутија, кој е најголемиот инвестициски проект на Алроса, има голем потенцијал, соопштила компанијата.

„Ова е втор голем изум од октомври минатата година, кој ни овозможува да зборуваме за голем потенцијал на лежиштето Верхне-Мунско“, се наведува во соопштението на производителите на дијаманти.

Првиот голем скапоцен камен од 51,49 карати бил ископан во објектот Верхне-Мунско минатата година, веднаш по официјалното лансирање на 31-ви октомври.

Во тоа време, Алроса ветила дека ќе инвестира 60 милијарди рубли (910 милиони долари) во проект до 2042-та година, а се очекува рудникот да „дава“ околу 1,8 милиони карати дијаманти годишно.