Криминалните кланови од соседните земји ја најдоа својата база во Србија и ние ќе им застанеме на патот, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Според српскиот претседател Александар Вучиќ, многу криминални кланови сметале дека Србија е нивна база и дека тие се посилни од државата.
Ајде да видиме кој тоа мисли дека е посилен од државата. Криминалните кланови од соседните земји ја најдоа својата база во Србија и ние ќе им застанеме на патот. Ќе одиме до крај. Ќе ја удриме змијата во глава, рече Вучиќ.
Тој посочи дека граѓаните не треба да се плашат и дека ќе се запре секој грабеж и рекет во Србија.
Луѓето слушаат дека некој рекетира во кафеаните. Кои се тие луѓе? Кој има право да краде по Србија?! Кои сте бре вие, бандо една, багро една лоповска. си ти, една банда, крадец?!-праша Вучиќ и ја објави борбата до крај без страв и компромис.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека државата ќе ја победи мафијата и нагласува дека тоа го гарантира без оглед на личните, политичките и какви било други последици.
Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем, за да можеме да лекуваме луѓе, некои во меѓувреме сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани, да сеат страв. Ќе ги победиме, им гарантирам дека без оглед на лични, политички и какви било други последици, порача Вучиќ.