Вучиќ подготви вечера за Заев и Рама во Словенија

532

Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа беше домаќин на македонскиот премиер Зоран Заев и на премиерот на Албанија, Еди Рама во Словенија, пред утрешниот форум во Блед.

Пред вечерата имало дискусија кој да ја приреди вечерата, а Вучиќ истакнал дека тој е домаќин, па на социјалните мрежи објави како подготвува вечера, најавувајќи дека е за Заев и Рама.

-Се наоѓаме во ресторан „Земоно” на почесниот конзул на Србија Томаж Кавчиќ, секако едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во„ Земон”, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулица во леб е посебен специјалитет, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот.