Вучиќ: Секој кој има над 16 години ќе добие 25 евра ако веќе примил вакцина или сака да се вакцинира

562

25 евра ќе добие секој граѓанин на Србија кој има над 16 години а веќе примил вакцина, или планира тоа да го стори до крајот на месецов, изјави претседателот Александар Вучиќ.

Станува збор за дополнитела финансиска помош покрај веќе најавената од 60 евра.

Дополнително имунизираните граѓани и оние кои примиле прва доза вакцина ќе добијат и сертификат за патување и платено боледување. Целта, вели Вучиќ е што поскоро да се стекне колективен имунитет во земјата. Според неговите информации до сега се пријавиле повеќе од 5 милиони лица за вакцинација.