Вучиќ: Советникот на Заев, Башановиќ е газда на половина Македонија

651

Претседателот на Србија Алекандар Вучиќ проговори за односот со Зоран Башановиќ, бизнимен од Србија.

Тие се кумови но неколку години не се во најдобри односи. Башановиќ е интересен за македонската јавност како поранешен советник на премиерот Зоран Заев и тоа за хонорар од 1500 евра месечно.

Но, покрај тој хонорар Башановиќ има многу бизниси низ Македонија за што посведочи и самиот Вучиќ.

Кумот Зоран Башановиќ со Џилас купуваат телевизии и ме рушат. Башановиќ со сите сили решил со сите сили да ме руши а поседува пола Македонија и Грција.Од мене ништо не добил ниту пак може-изјави Вучиќ.

Наш Балкан е телевизијата на Башановиќ во Србија која е критична кон власта на Вучиќ.