Вардар нема да игра на Ф4, таму ќе биде ППД Загреб. Поради еден позитивен член, Извршната комисија на СЕХА повикувајќи се на хрватските здравствени власти донесе одлука Вардар да биде исклучен, а неговото место поради најдобриот рејтинг во регуларниот дел, а и фактот што во 1/4 финалето беше елиминиран токму од Вардар, на Ф4 ќе оди ППД Загреб.
СЕХА потврди, Вардар потврди, иако „црвено-црните“ не го објавиле својот став и мислење околу оваа одлука. Затоа своето мислење го кажа тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ.
„Ова е најголемата измама што ја имам доживеано“, кратко ни искоментира Веселин Вујовиќ додавајќи дека тоа е неговото лично мислење, а клубот ќе заземе свој став.