За 24 часа во земјава починаа 7 пациенти позитивни на Ковид – 19

1229

Во последниве 24 часа во земјава починале 7 пациенти позитивни на вирусот Ковид-19.

Како што дознаваме, 6 од нив починале во болницата „8 Септември“, а еден во Клиниката за инфективни болести.

Со ова вкупниот број починати во нашата земја достигна 140.

Официјални информации околу бројот на новозаболени до овој момент сѐ уште нема, но вицепремиерот Бујар Османи, преку својот фејсбук профил објави дека денеска бројот на нови случаи е уште позагрижувачки.