Кривата на заразени во забрзан раст. Статистиката на Институтот за јавно здравје покажува оти бројката на заразени со ковид-19 за една недела скокнала за над 35 проценти.
Официјалниот извештај бележи најголемо зголемување на дијагностицираните кај возрасната група од 20 до 29 години, изразено во проценти, за 60 отсто повеќе споредено со претходната недела.
Од статистиката се забележува оти вирусот минатата недела помалку се ширел помеѓу децата, па најмал број е регистриран кај возрасната група до 9 години, и од 10-19 годишна возраст.
Најголем дел од регистрираните случаи се од метрополата, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.
Расте и црниот биланс, па за една недела заклучно со 4 октомври, има 30 смртни случаи, што е за 7 отсто повеќе за разлика од претходната недела. Кај 20 од починатите се регистрирани и други хронични заболувања, а кај 10 пациенти не се евидентирани коморбидитети.
Експертите велат оти рекордниот број на заразени брзо ќе се урне, па за 10-тина дена, ваквото ширење на заразата ќе достигне и до 1000 случаи дневно.Пановски додава оти бранот пристигна порано од очекуваното, оти се уште, есента не ја земала силата во однос на временските услови, која носи опасност од двоен бран – на корона и на грип.
Надлежните уверуваат оти има доволно капаците во болниците, а подготвени се и за нови рестрикции, оти постои можност од колапс на здравствениот систем ако „не се пресече“ есенскиот бран.