Нови откритија од договорот на Меси со Барса потпишан во 2017 година, го терале да зборува каталонски.
Продолжи низата на неверојатни откритија околу „фараонскиот договор“ на Лионел Меси со Барселона потпишан во ноември 2017 година, а најновиот детаљ кој предизвика внимание е дека имало клаузула дека Аргентинецот мора да го научи каталонскиот јазик. На управата на Барса не им се допаѓало што Меси секаде зборува само на шпански, и тоа со изразен аргентински акцент.
Меси од Барса за овие четири години ќе земе 555 милиони евра како плата и бонуси, па кога веќе толку го плаќаат, сакале и тој подобро да се интегрира во каталонската култура и да го научи каталонскиот јазик. Од друга страна, има и клаузула дека ако Каталонија стекне независност, Меси може да си оди од Барса како слободен играч.
Меѓу барањата во договорот се и забраната Меси да вози џетски, да не се обложува на големи суми, да не се допингува и да мора да игра на позиција која ќе му ја одреди тренерот. Меси најави тужби за сите вмешани во скандалот, сака да се открие како тајниот документ стигна во јавноста.