Шведски даночен советник „разговарал“ на службениот телефон 55 часа, се додека надредените не го откриле.
Тоа го правел за да ги избегнува секојдневните обврски, а оставил впечаток дека е зафатен.
„Наместо да превзема повици од корисниците, Андреас звонел на својот телефон, што резултирал со сигнал „зафатен“ во системот, и сите дојдовни повици ги превземал некој друг“, стои во дисциплинскиот извештај.
28-годишниот Швеѓанец сега се наоѓа пред отказ од март до мај сам себе се повикал 32 пати, и разговарал 55 часа, што е седум дена ефективна работа во два месеци.
Андреас бил вработен од 2020 година, а поради пандемијата во 2021 година работел од дома.