За да ја спаси својата кожа и да остане на власт, Бојко Борисов ја принудува Бугарија да инвестира милијарди во американски авиони

752

Со своите изјави за реализација на енергетски проекти и соработка со САД во таа област, премиерот Бојко Борисов се обидува да се спаси и да остане на власт, вели Светлана Шаренкова, претседател на Бугарско-рускиот форум, член на Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија.

Борисов им рече на граѓаните дека решил да го купи “најмодерниот” нуклеарен реактор за нуклеарната централа Козлодуј, затоа што наводно бил уморен од купување руски реактори, со кои ништо не може да се направи, напиша Шаренкова за порталот “Епицентар” коментирајќи ја најавата на Борисов дека ќе се гради седмиот блок во нуклеарната централа Козлудуј, во која ќе биде инсталиран американскиот реактор.

Според нејзиното мислење, обидите енергијата да се претвори во опортунистичка геополитика пропаднаа, бидејќи во Европа, во таа сфера се развиваат проекти во соработка со Русија, и покрај заканите од Вашингтон.

Тој само сака да ја спаси сопствената кожа, но ниту фантазијата во областа на нуклеарната енергија, ниту однапред платените Ф-16 нема да му ја завршат работата, затоа што ниту Вашингтон не може да му гарантира дека ќе остане на власт. И заради залудни надежи дека мафијашката олигархија ќе успее да преживее, сиромашната Бугарија, која потона во систематска криза, ќе инвестира милијарди во американскиот воено-индустриски и нуклеарен комплекс, рече Шаренкова.

За време на неговата посета на нуклеарната централа Козлодуј, Борисов најави дека новиот седми блок ќе биде изграден со употреба на нова технологија, што е суштински различна од сегашната, нагласувајќи дека во единицата ќе биде инсталиран американски реактор.

Според него, Бугарија веќе била доволно оштетена во случајот со нуклеарната централа Белене и потребата да се исполни договорот со Русија и да се купат двата нарачани реактори. И покрај одлуката на парламентот да се напушти тој проект во 2012 година, одлука која следуваше по посетата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Софија.

Министерката за енергетика на Бугарија, Теменужка Петкова, објави дека Бугарскиот енергетски холдинг ќе започне преговори со американски компании и ќе ги проучува можностите за градење нови капацитети во нуклеарната централа Козлодуј.

Во моментов, работат само петтиот и шестиот блок во нуклеарната централа, додека првите четири ја прекинаа својата работа на инсистирање на Европската унија поради непочитување на безбедноста.