За еден час 100 долари, за два 150: Преписка со проститутка насред парламент! Украина ја тресе скандал во владејачката партија!

671

Член на партијата на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска е во центарот на скандалите откако се објавени фотографии на кои преку мобилен телефон еден од пратениците се допишува со проститутка насред седница во парламент.

Еден украински портал во средата во гро план го пренел екранот на мобилниот телефон на пратеникот Богдан Јаременко, поранешен 48-годишен дипломат.

На фотографијата се гледа како пратеникот поставува прашање за условите за состанокот.

Како одговор, личноста ги прецизира сите видови на сексуални услуги со тарифа од 100 долари за еден час и 150 долари за два часа.

Фотографиите се направени во вторникот за време на седницата на парламентот. Пратеникот најпрво на Фејсбук навел дека тоа се монтирани фотографии, а подоцна го избришал тој текст и упатил извинување до сопругата, децата, на својата парламентарна група и претседателот Зеленски. наведувајќи дека направил „непромислено дело“.

Тие фотографии предизвикале критики во парламентот. Некои пратеници од опозицијата барале оставка од Јаременко од функцијата шеф на Комитетот за надворешна политика на парламентот.

Парламентарната група на претседателот Зеленски соопштила дека за тој инцидент ќе разговараат на следниот состанок на групата.