За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност

89

Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се
уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња,
најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка.
Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува
дека секој гест на добрина има моќ да направи разлика. Сега е моментот да покажеме
дека сме заедно, дека подадената рака може да донесе надеж и дека никој не треба да се
чувствува сам во оваа несреќа.


„Со длабока емпатија и желба да дадеме конкретна помош, МТЕЛ донира 3.000.000 денари
на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ. Ова е само дел од
нашата заложба да помогнеме во овие тешки моменти, но знаеме дека помошта не треба
да запре тука. Заедно можеме повеќе, заедно можеме да дадеме надеж, да им помогнеме на
оние што изгубија најмногу.“ – изјавуваат од МТЕЛ Македонија и додаваат дека во овие
тешки мигови, МТЕЛ е со Кочани.


Затоа Ве повикуваме сите – да бидеме заедно во солидарноста. Секој од нашите
корисници од денес може да помогне со едноставен повик на 143400 или со директна
донација на сметката:


Фонд на солидарноста на Црвениот крст на РСМ
Сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка
Назнака: „Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани“
Mожеби не можеме да ја избришеме болката, но можеме да бидеме потсетник дека никој
не е сам во најтешките моменти.
МТЕЛ за Кочани. За луѓето. За хуманоста.