Отсекогаш постоел голем интерес кај јавноста за љубовните врски и браковите на славните личности, особено доколку тој однос е одбележан со некој скандал.
Ова се љубовните приказни кои го шокираа Холивуд и за кои и денес се зборува.
Нападот на Крис Браун врз Ријана
Многумина беа сигурни дека Крис Браун и Ријана ќе бидат новиот супер музички пар како Џеј-Зи и Бијонсе. Меѓутоа, нивната врска стана главна вест во 2009 година откако Крис ја претепа Ријана. По ваквиот инцидент, неговата кариера тргна по надолен пат, а тој засекогаш го уништи својот имиџ на “добро момче”. По нападот парот раскинал, но Ријана дури и по сè изјавила дека тие двајца секогаш ќе се сакаат и наводно сè уште се во добри односи.

Врската на Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс
Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс беа совршено поп дуо. Таа беше голема ѕвезда која ја чуваше својата невиност за брак, а тој беше член на еден од најпознатите бој бендови во светот. Бритни и Џастин беа во врска од 1999 до 2002 година, а потоа започнаа гласини за прељуба. Се пишуваше дека Бритни наводно го изневерила Џастин со кореограф, а тоа беше крај на нивната љубовна врска.
Познато е дека холивудските бракови немаат голем рок на траење, но оној кој особено се истакнува е бракот помеѓу Ким Кардашијан и Крис Хамфриз. Имено, откако Ким заработила милиони со венчавањето за кошаркарот Хамфриз, јавноста остана шокирана кога тие двајца одлучија да се разведат по само 72 дена брак, а долго време се зборуваше и дека тие се венчале само поради пари и внимание и дека го исмеваат поимот “брачна заедница”.

Добрата девојка која го украде туѓиот сопруг
Алиша Кис има углед како талентирана пејачка, но нејзините обожаватели беа шокирани кога во јавноста излегоа информации дека таа “украла” сопруг на друга жена. Алиша и Свиз Биц тврделе дека неговиот брак бил завршен и пред тоа, но оставената сопруга го тврдела спротивното.
Разводот на Бред Пит и Џенифер Анистон поради Анџелина Џоли
Џенифер Анистон и Бред Пит се венчаа во 2000 година, а славниот пар се разведе пет години подоцна, откако Бред ја запозна Анџелина Џоли на снимањето на филмот “Mr. & Mrs. Smith”. Иако Анистон продолжи со својот живот и кариера, бројни магазини сè уште пишуваат за неа и овој љубовен триаголник.

Во текот на врската помеѓу Миа Фароу и режисерот Вуди Ален, тој се однесувал како татко на нејзините деца. Парот ја прекина врската во 1992 година откако Миа нашла докази дека нејзиниот партнер имал врска со нејзината посвоена ќерка Сун-Ји. Овој скандал ја остави јавноста без зборови, а за него не прекина да се пишува во текот на годините, па дури и денес.