За тренди-фотки на плажа: 6 ретро парчиња накит што ги обожаваме ова лето

974

Ова лето речиси сите трендовски парчиња накит се инспирирани токму од модата од минатиот век. Некои и претходно беа модерни, а за кои поточно трендови станува збор, ви откриваме во продолжение. П.С. Одлични се за фоткање на плажа!

Овој типичен сувенир од летување сега доби моден статус и само едно парче накит од школки или со приврзоци во облик на школки, ќе ви обезбеди трендовски изглед во текот на летото.

View this post on Instagram

Trotters lookin shmicko ?? @stagnistudio

A post shared by Emily Yates (@emelinaah) on

Време е повторно да се вљубите во ова парче накит, кој најверојатно последен пат сте го носеле кога сте биле девојче, но се надеваме дека сега, благодарение на големата популарност, повторно ќе стане дел од вашите модни додатоци.

View this post on Instagram

1 or 2??? ??? #km33cabo #pamallierincabo

A post shared by Pamela Allier ?? (@pamallier) on

Мотивите со сочно овошје ова лето не ги украсија само фустаните и здолништата. Овошјето е пожелно и на обетките, белегзиите и ѓерданите, а само едно такво парче накит ќе го подигне вашиот летен стајлинг на ново ниво.

Чокери

Иако својот моден врв го доживеаја пред неколку години, чокер-ѓерданите се враќаат во мода секое лето, па слободно може да ги носите и ова.

Персонализирано

View this post on Instagram

L V

A post shared by Aimee Song (@aimeesong) on

Ѓерданите со име, каков што носеше Кери во серијата „Сексот и градот“ повторно се во мода и тоа веќе неколку сезони, па затоа се уште едно парче накит што често ќе го гледате  во текот на летото. Ако не сте љубителка на ѓерданите, трендот можете да го проследите и со кое било друго персонализирано парче накит.

Проѕирно

Покрај проѕирните фустани, чевли и чанти, сега во мода се врати и транспарентниот накит. Сочинет е главно од пластика и достапен е во разни бои, па ваквиот накит несомнено не’ враќа во детството, но веќе не е резервиран само за девојчиња.