За вадење на црна магија платиле половина милион евра, земале и кредити

760

Тројца Црногорци кои верувале дека врз нив е фрлена црна магија на „истерувачите“ им платиле неверојатни половина милион евра.

Хеика, Аднан и Семира три години застрашувале две лица дека ќе им умре целото семејство како не им платат да им го тргнат проклетството.

Наивните поверувале и во неколку наврати им дале пари кои на крајот достигнале 500.000 евра за кои зеле и кредит и се позајмувале по роднини.