За влез во САД ќе биде потребен негативен тест за коронавирус

508

Соединетите Американски Држави наскоро ќе бараат од патниците кои доаѓаат во земјата со авион да покажат негативен тест за Ковид-19, објавија денеска Центарите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Оваа мерка, чија цел е борба против ширењето на вирусот, доаѓа по рекордното зголемување на бројот на случаи.

Почнувајќи од 26 јануари, пристигнатите патници ќе мора да направат негативен тест за Ковид-19 најмногу три дена пред летот за САД, објави ЦДЦ.

Тие ќе го приложат тестот или доказ дека прележале Ковид. Патниците кои нема да покажат тест ќе бидат вратени од страна на авиокомпанијата.