„Забавно е додека не те начекаат браќата на Јокиќ во таа соблекувална“: По заканите на Батлер, Твитерџиите се шегуваат на сметка на кошаркарот

443

Кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер, му порача на Јокиќ дека по натпреварот „можат да се најдат во соблекувална“, а таа реакција за кратко време стана хит на социјалните мрежи.

Јокиќ на нешто повеќе од 2 минути пред крајот на мечот беше исклучен поради неспортски фаул над Морис, кој го удри во грб, а претходно Морис на средината на теренот го удри Јокиќ со лакт поради што исто така беше исклучен.

Во тој момент, кошаркарот на Мајами, Џими Батлер, му порача на Јокиќ дека по мечот „можат да се најдат во соблекувалната“, а сето тоа наиде на разни коментари на социјалните мрежи, но предничат оние во шеговит тон.

Браќата на Јокиќ му вратија со свој твит, каде му порачаа дека ќе го чекаат.

„Сè е забавно додека не те начекаат двајцата браќа на Јокиќ во таа соблекувална“, гласи еден од твитовите.

Никола веќе со години живее близу неговите браќа Страхиња и Немања кои се грижат за неговата кариера, а многумина се сеќаваат и на сцената против Феникс Санс во плеј-офот минатата сезона кога малку фалеше да влетаат на теренот.

Мајкл Портер во едно интервју изјави дека тие изгледаат како мафијаши кои сакаат да се тепаат на секој втор натпревар.