Забележувате ли што е чудно на оваа фотографија од јапонскиот велеград?

1110

Во период од три години, група јапонски ентузијасти создала речиси морничаво реалистичен град во популарната компјутерска игра “Minecraft”, а резултатите од нивната работа ги оставија луѓето без здив.

Сајама Сити е откриен во 2016 година на сајтот “Planet Minecraft” кој привлече големо внимание кај обожавателите на играта. Деталите на секоја зграда изгледаат имресивно, а многумина коментирале дека ова е најневеројатниот “Minecraft” град кој некогаш го виделе и дека од далеку воопшто не би ни помислиле дека станува збор за пиксели.

Фиктивниот метрополис кој настанал пред три години предизвика воодушевување на социјалните мрежи, а во западните медиуми неодамна стана вирален по објавени фотографии на “Reddit”.

“Ова не е реално. Ова е град направен во “Minecraft”, пишува во објавата.

View image on Twitter