Полицијата верува дека картелот кој го води Ел Менчо моментално е најголемиот и најмоќниот картел во светот на производството и трговијата со наркотици.
Хоаким Гузман, попознат како Ел Чапо, повеќе не е најопасниот нарко бос на светот. Имено, американските власти проценуваат дека од него сега далеку помоќен е Немесио Осегера Сервантес, попознат како Ел Менчо.
Пол Крејн кој што ја предводеше американска ДЕА во апсењето на Ел Чапо, го означи Ел Менчо како „непријател број еден“. Крејн неодамна потврдил дека Ел Менчо располага со армија составена од повеќе илјади „лоши момци“.

На почетокот на овој месец, американските истражители се сретнале со мексиканските колеги во Чикаго за да го идентификуваат 52-годишниот Сервантес, откако тој го превзел озлогласениот нарко картел „Халиско“. На состанокот било договорена соработката на американските и мексиканските власти со цел што е можно поскоро да биде уапсен Ел Менчо.
Картелот „Халиско“ во меѓувреме го превзел и картелот „Синалоа“ кој што порано го водеше Ел Чапо и доминираше со мексиканското подземје, а според информациите на ДЕА, потоа картелот воспоставил бројни криумчарски канали кон САД, Европа и Азија. Дека агентите до некаде успеале да му влезат во трага на Ел Менчо потврдува и минатогодишното апсење на Росалинда Гонзалез Валенсија која што била главна сметководителка на картелот „Халиско“.
Против Ел Чапо кој што минатата година беше екстрадиран во САД, во ноември оваа година започнува судскиот процес во кој што тој е обвинет за перење на пари и криумчарење на дрога. Неговиот „Синалоа“ картел иако се уште функционира, тој ја нема некогашната криминална моќ.

“The Post”пренесува дека во самиот картел имало судири, а тоа на Ел Менчо му овозможило го лансира својот картел на врвот на нарко пазарот.
„За разлика од останатите картели, тие функционираат како паравоена организација. Со челична рака ја превзедоа контролата над „Халиско“, поставувајќи блокади на патиштата и одземајќи возила за да ја докажат својата моќ“, изјави Крејн за “The Post”.
Сервантес веќе има големо криминално минато. Во 2015-та година организирал напади на неговата паравоена организација на позициите на мексиканските безбедносни сили. Со запаливи бомби биле нападнати бензински станици и банки, а членови на неговиот картел собориле и воен хеликоптер при што загинале девет мексикански војници.