Топло било и во другите европски земји, не само кај нас, а набрзо стигнал и одговор како објаснување за овој топлотен бран.
Рекордни максимални температури биле измерени кон средината на месец мај во низа автоматски метеоролошки станици во Грција.
Во Спарта температурата го надминала 40-от степен, а топло било и во Ливадија – во средишниот дел на Грција, како и на Крит и на Пелопонез.
На листата Спарта е на првото место со измерени 40.7 степени целзиусови со што е срушен 12-годишниот рекорд, потоа следи Ливадија со 39.9 степени целзиусови, па селото Фаласарна со измерени 39.8 целзиоусови степени…
На листата се наоѓаат и малку пониски измерени температури од 39 до 36 степени целзиусови, а ‘најсвежо’ било во планинското село Загора – 35.3 степени целзиусови.
На полуостровот Атика,каде што се наоѓа и Атина, морето одредено време одржувало пониска температура, но недалеку од крајбрежјето, во внатрешноста на Атина температурата била за 10-12 степени повисока, а највисока била во населбата Папага 38.1 степен целзиусов.
Extremely anomalous warmth expected near the Arctic Circle in Western Siberia in the coming days.
Temperatures can rise 25-30°C higher than normally at this time of the year. pic.twitter.com/0YXndj9YU2
— Mika Rantanen (@mikarantane) May 19, 2020
Историските податоци покажуваат дека во Грција досега највисоки температури биле измерени во Аргос на Пелопонез на 13-ти мај 2017-та година, 40.2 степени целзиусови, а следни градови во централна Грција со високо измерена температура биле, Лариса 40 степени на 30-ти мај 1969-та година и Ламија со 39.6 степени на 23-ти мај 1973-та година.
Топло било и во останатите европски земји, а набрзо стигнало и објаснување за овој топлотен бран.
Меѓутоа, необично е тоа што жештините се појавиле и таму каде што претходно не се очекувало.
„Исклучително атипична топла маса се очекува во наредните денови во близина на Арктичкиот круг во западен Сибир. Температурите би можеле да пораснат за 25-30 степени целзиусови, што е невообичаено за ова време од годината“ – напишал финскиот метеоролог Мик Рантаген и додал:
„Експертите објаснуваат дека само после 4 месеци, 2020-та година била најтопла година речиси насекаде во светот, со исклучок на некои повисоки делови во Азија. Во Русија просечно била 6 степени над нормалната вредност во текот на првите 4 месеци од 2020-та година, што го надминало претходниот рекорд кој што изнесувал 1.7 степени целзиусови“.