Заев: Да ги оставиме поделбите настрана

819

Во 15 градови ширум земјата, во организација на Владата беше прославена поканата за членство во НАТО. Централната прослава се одржа во градскиот парк во Скопје. Таму беа и шефот на дипломатијата, Никола Димитров, министерката за одбрана Шеќеринска, високи дипломатски претставници и припадници на политички партии. Премиерот кој беше во Битола, истакна дека Македонија има причина да слави, апелираше на крај на поделбите и ја повика опозицијата да се приклучи на аспирациите кон ЕУ и НАТО.

ВМРО ДПМНЕ ја критикуваше прославата на Владата, барајќи од власта да објави колку средства се потрошени за нејзино организирање.

Преку соопштение од СДСМ побараа ВМРО ДПМНЕ да престане со создавање раздор и омраза кон граѓаните и музичарите. Во соопштение се вели дека независно дали му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните силно ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Од владата информираа дека целата сума потрошени средства за прославата ќе биде објавена наредните денови.