Заев: Ќе беше подобро граѓаните да се вакцинираат дома наместо во Србија

724

Премиерот Заев гоо поздрави потегот на Србија да дозволи вакцинација на странски државјани, но смета дека ќе беше подобро тие да се вакцинираат дома.

– Немаме против определбата на нашиот народ да оди во соседна пријателска земја да прими вакцини. Ја поздравуваме пријателската доблест на пријателска Србија. Ќе беше многу подобро тука дома да се вакцинираат, но проблем има целиот свет заради недостаток на количини на вакцини. Западниот Балкан, освен Србија, е буквално во иста состојба, рече Заев.

Истакна дека пари за вакцините се обезбедени уште лани во септември кога се правел буџетот, а дополнително пари има и од грант од Европската унија