ЗАЕВ: НЕ МОЖЕМЕ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕ Е НАШ

773

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за МТВ, на прашањето за изјавата на Красимир Каракачанов изјави дека тој го почитува министерот, сфаќа различни ставови, но обврска имаме сите да ги помогнеме овие процеси.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, Заев повтори дека ќе се изнајде решение бидејќи тоа не обврзува со договорот.

„Ние треба да ги помогнеме процесите. Oва прашање е билатерално и не може да биде на ниво на Европската Унија, тоа е надвор од сите вредности на ЕУ. Македонците мора да водат грижа за Бугарите и обратно. Верувам дека ќе имаме успешни преговори.  Ќе треба да се најде заедничко решение. Треба да бидеме свесни, дека не може да кажеме дека Гоце Делчев не е наш, треба да видиме како тој заеднички не спојува“, вели Заев.

Тој додаде дека ако било кој постигне договор со кој само една страна добива, тогаш не постои иднина.

На прашањето дали е во комуникација со бугарскиот премиер Бојко Борисов за оваа тема, Заев вели дека се слуша со него, но не разговарале за оваа тема, оти, како што вели, незгодно е да се отвора прашањето кога таму има протести.