Заев: Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит

516
,Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит од тоа, рече премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата ,,Само интервју” на Канал 5 Телевизија.

Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните” , рече Заев во ,,Само интервју’ и објави на Твитер .