Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашања дали имал информации за некои други лица вмешани во случајот „Монструм“, тој рече дека такво нешто никогаш не споменал.
-Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот, рече Заев.