Премиерот Зоран Заев со доза на резерва денеска најави дека првата пратка од 3 илјади руски вакцини ќе пристигнат во земјава веќе задутре.
„Секој ден очекуваме информација кога ќе стигнат вакцините. Имам конкретна информација кога ќе стасаат, ама како да кажам, ако не стигнат? Во недела ги очекуваме првите три илјади што ќе дојдат преку „ДХЛ“. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално да ги пушти во промет“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Заев меѓу другото потсети дека во земјава ќе пристигнат и 21 илјади дози на вакцината на „Фајзер“, откако „договорот конечно бил потврден“.
„Пристигна и информацијата од КОВАКС, до крајот на овој месец ќе стасаат првите количини, а тие се меѓу 20 и 30 илјади вакцини. Во март ќе започне масовната вакцинација според протоколите“, изјави премиерот Заев и откри дека покрај здравствените работници, ќе бидат вакцинирани и хронично болните и повозрасните граѓани.