Без ПЦР тест ќе се поминува границата само ако е најнеопходно, бидејќи и од дома излегуваме само ако е неопходно – изјави Заев.
Утре Владата ќе одлучува за укинување за ПЦР тестот, регионот треба да биде отворен, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на наставниците.
– Без ПЦР тест ќе се поминува границата само ако е најнеопходно, бидејќи и од дома излегуваме само ако е неопходно – изјави Заев.
Тоа би значело дека граѓаните од Црна Гора, Косово, Србија и Албанија ќе може да влегуваат во земјава без никакви ограничувања, односно без ПЦР тест кој досега беше задолжителен.