Заев: Возилата со странски таблички ќе мора секои 3 месеци да се изнесуваат од државата во траење од 3 месеци

615

Говорејќи на темата за регистрација на автомобилите со странски таблички премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека сопствениците на таквите возила, коишто влегле во државава до 1 октомври ќе имаат можност истите да ги регистрираат со 50% поевтин данок на моторни возила, односно вкупниот износ на царината и акцизата.

Оние пак, коишто таквото возило нема да го префрлат на македонски таблички, ќе треба да постапат според европските закони.
„Тоа значи три месеци тука, најмалку три месеци надвор колата. Па три месеци тука, па три месеци надвор колата. Тоа денеска со електронските системи на МВР се следи. Пресекот го правиме на 1 октомври“, рече Заев.