Заев: Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата

704

„Носењето на законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук, во пресрет на новата средба на работните групи за постигнување консензус околу законот, за кој се апелира да биде усвоен пред да се распушти парламентот.

По дводневната јавна расправа, Министерството за правда останува на ставот опозицијата да не го предлага Републичкиот јавен обвинител, но прифаќа подобрување на постапката. Министерката Рената Десковска најави уште еден обид за постигнување консензус, но тоа да не значи прекинување на предметите на СЈО.

Носењето на Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Секое попречување на овој процес…

Gepostet von Zoran Zaev am Donnerstag, 30. Januar 2020