Во хеликоптерска несреќа во близина на главниот град Киев, според полицијата загинале 18 лица загинале. Меѓу нив се и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик и еден државен секретар.
Во близина на градинка во местото Бровари, во близина на Киев, денеска се урна хеликоптер. Тоа го потврди Олексеј Кулеб, шеф на киевската регионална воено-цивилна админстрација. Според неговите зборови, во градинката кога имало деца паднало леталото.
„Киевската област. Во градот Бровари падна хеликоптер во близина на градинка и стамбена зграда. Во моментот на трагедијата во градинката имаше деца и вработени во установата. Во моментов сите се евакуирани. Итната помош, полицијата и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата“, рече тој.
As a result of a helicopter crash in Brovary Minister and Deputy Minister of Internal Affairs of Ukraine died. Emergency Service helicopter crashed at local kindergarten. 16 dead, two of them children. Terrible tragedy. pic.twitter.com/KiKR5ItDoI
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) January 18, 2023
Видео снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи ја прикажуваат зградата во пламен и ви широко распростанет пожар.
Бројот на жртви во меѓувреме се искачи на 18. Меѓу нив има три деца, како и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастриски, неговиот заменик Јевген Јених и државниот секретар Јуриј Лубкович, наведе Игор Клименко, шеф на полицијата во Киевската област.
Во моментов во болница се наоѓаат неколку луѓе кои се повредени во падот на хеликоптерот. Според наводите на Клименко, сите итни служби се на лице место и во тек е истрага за несреќата.
22 лица во болниците
Според официјалните информации, во блиските болници се пренесени и 22 лица, меѓу кои десет деца. Засега нема информации зошто раководството на Министерството за внатрешни работи патувало со хеликоптер. Во текот на војната во Украина, хеликоптери меѓу другото, се користат за префрлување на ранетите до главниот град Киев. Украина речиси единаесет месеци е жртва на руската агресивна војна. Во земјата постојани предупредувања од руски ракетни и напади со беспилотни летала. Главниот град Киев, како и другите делови на земјата, постојано е цел на напади.