Загинале 44 лица: Аргентинската подморница која исчезнала пред една година е конечно пронајдена

1597

Аргентинската морнарица соопштила утрово дека инспекторите ја пронашле подморницата “ARA San Huan” во длабочините на Атлантикот, која со 44 членови на екипажот исчезнала пред една година.

Подморницата била откриена на длабочина од 800 метри во водите кај полуостровот Валдес во Патагонија, се наведува во соопштението.

Пред само два дена, на годишнината од исчезнувањето на подморницата, семејствата на исчезнатите морнари одржале комеморација.

Тогаш претседателот Маурисио Макри ветил целосна истрага за несреќата.

Подморницата се враќала во базата во крајбрежниот град Мар Дел Плата, кога со неа бил изгубен контактот. Во текот на последните комуникации, екипажот соопштил дека дошло до хаварија.

По интензивната потрага со помош на 18 земји, Аргентина изгубила надеж дека ќе ги пронајде преживеаните, но морнарицата продолжила да трага по пловилото.