Закана или вовед во војна: “Ќе извезуваме нафта и покрај санкциите на САД”

979

САД мора да бидат подготвени за последиците ако се обидат да го спречат Иран да продаде нафта и да го користи Ормускиот проток.

Ова го рекол иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф, нудејќи преговори и размена на затвореници со Вашингтон.

САД во понеделникот побарале од купувачите на иранска нафта да ја сопрат трговијата до мај или да се соочат со санкции, јавува “Reuters”.

“Веруваме дека Иран ќе продолжи да ја продава својата нафта. Ќе продолжиме да наоѓаме купци за нашата нафта и ќе продолжиме да го користиме Ормускиот проток како безбеден транзитен премин за нејзина продажба”, рекол Зариф на собирот во Азиското друштво во Њујорк.

Потврдувајќи го ставот на врховниот лидер Али Хамнеи, Зариф предупредил: “Ако САД преземат луди мерки да се обидат да не спречат да го направиме тоа, ќе треба да се подготват и за последиците”, пренесува “Sputnik”.

Цените на нафтата во вторник достигнале највисоко ниво од ноември, по објавата на Вашингтон, пишуваат агенциите.

На прашањето дали американската кампања за притисок на Техеран била насочена кон предизвикување на понатамошни преговори или промена на режимот, Зариф рекол: “Б тимот најмалку сака промена на режимот”.

“Б Тимот”, како што го опишал, е двоецот кој го сочинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху и советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон.

Зариф најавил можност за соработка со САД со цел носење на стабилност во Ирак и Авганистан, што е приоритет и за Техеран и за Вашингтон.

Тој исто така рекол дека е подготвен на размена на британско-иранскиот хуманитарен работник Назанин Загари-Ретклиф, кој е во притвор во Иран од 2016-та година, за Иранката е затворена во Австралија на барање на САД.

“Ајде да ја направиме оваа размена. Подготвен сум да го направам тоа и имам овластување да го направам”, рекол Зариф.