Запалено грчко знаме во Албанија

618

Три вооружени, маскирани лица во воени униформи го запалија знамето на Грција во Ксамил, на југот на Албанија.

„Сарандавеб“ пренесува дека еден од нив го полеал грчкото знаме со бензин и го запалил, додека другите двајца зад него го држеле албанското знаме.

Овој чин, се чини, настанал по дебатата за проширување на Грција за 12 милји во Јонското Море, а тие лица им испратиле порака на Грците „Морето е наше“.