Рано утрово започна 78-та NBA сезона.
На програмата имаше два натпревари.
Денвер Нагетс најпрво ги прими шампионските прстени а потоа го пречека Лос Анџелес Лејкерс.
“Нагетси” одиграа одличен меч и ја искористија лошата игра во одбраната на гостите од Калифорнија за конечен триумф од 119:107. Најефикасен кај домаќините беше Никола Јокич со “трипл-дабл” учинок сочинет од 29 поени, 13 скокови и 11 асистенции. На спротивната страна (во својата 21 професионална сезона) Леброн Џејмс беше водечки со 21 постигнат поен.
Исклучително интересен меч се одигра во Оукленд каде Голден Стејт Вориорс го пречека Феникс Санс, кој настапи без своето најголемо засилување, Бредли Бил.
Во натпревар кој беше неизвесен до самиот финиш, победата ја заслужија гостите Аризона.
“Сонцата” триумфираа со 108:104. Клучна беше играта на Девин Букер кој постигна 32 поени а имаше и клучни три асистенции во последната минута кога се “кршеше” резултатот. Во своето деби за новиот тим, босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркич имаше “дабл-дабл” ефект од 14 поени и 14 скокови.
NBA FAN
Димитар Младеновски