Првиот ден на октомври секоја година јавното претпријатие Градски паркинг го менува работното време за кое се плаќа паркирањето на локациите со кои тоа управува. Така од денеска зоните А, Б и Ц ќе се плаќа за паркирање секој работен ден од 7 до 21 часот а во сабота до 14 часот, додека за зоната Д (Аеродром и болница 8-ми септември) работното време ќе трае од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.
Исклучок се зоните Д62, Ц80 и Ц81 (Зоолошка градина, град Скопје и тениски клуб АБЦ) каде паркирањето ќе се наплатува само од понеделник до петок од 7 до 21 часот. Распоредот на зоните, цените и дозволеното времетраење на паркирањето остануваат непроменети.