Запознајте го европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи

766

Едни тврдат дека на тој начин сакаат да се рекреираат после работата, додека пак други сакаат да го избегнат хаосот низ градот со околу 170.000 жители.

Во текот на летото, жителите на Базел се шетаат по улиците на градот со посебни чанти во облик на риба. Таканаречените „Wickelfisch“ чанти, всушност се користат за пакување на личните работи кога ќе одлучите да запливате во реката Рајна.

Оваа европска река во текот на летните месеци е извор на забава за многубројни граѓани на овој швајцарски град кој што се наоѓа на границата помеѓу Германија и Франција.

Иако просечната летна температура во Базел изнесува околу 25 степени целзиусови, Рајна ја карактеризира брзиот и непредвидлив речен тек кој што е препорачлив за најдобрите пливачи, а многумина од нив токму во неа бараат освежување.

Таму неретко може да видите како луѓето по работното време ги соблекуваат своите одела на крајбрежјето на Рајна, се подготвуваат, и пливајќи стигнуваат до своите домови.

Не само што реката Рајна е ‘темпераментна’ река која што е наменета само за врвни пливачи, туку околу неа нема спасувачи. Па, доколку сакате да запливате во неа, тогаш тоа го правите на сопствена одговорност.