Оваа девојка докажа дека боречките вештини не се резервирани само за бруталните мажи.
Во декември 2019 година интернетот бруеше од вестите дека, наводно, била приведена каратистката Марија Зотова за пречекорување на мерите за самоодбрана и тепање на двајца мажи кои ѝ „се закачиле“. Едниот од нив, наводно, им подлегнал на повредите во болница.
За вниманието на јавното мислење е придонесе и изгледот на девојката, кој воопшто не предизвикува асоцијации со насилство. Подоцна се покажа дека тревогата била лажна.
Но, затоа медиумската приказна предизвика интерес за младата спортистка: „волшебна и опасна каратистка“, „убавица-каратист“. Насловите во медиумите изобилуваат со пофални епитети.
Марија е родум од подмосковскиот град Клин. Од десетгодишна возраст таа тренира карате под внимателното раководство на нејзиниот татко. Сега има само 20 години, а веќе е мајстор на спортот, има црн појас и е членка на првата постава на руската репрезентација во карате.
Зотова со женската репрезентација во 2018 година го освои бронзениот медал на Светското првенство во карате во Мадрид, а во 2019 година го освои златото на Јуниорското првенство на Русија, овој пат во поединечна категорија.