Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот.
Нова проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, како што веќе беше најавено ќе се прави утре, а Комисијата за заразни болести и министерот Филипче сметаат дека на почетокот на неделава ќе имаме резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена.
-Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, рече вчера Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.
Филипче претходно кажа дека не се исклучени и нови, поретстриктивни мерки, додавајќи дека следни рестрикции се подолг полицски час и забрана за работа на угостителските објекти.
Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март.