„Засрами се, би те полила со вино!“ – Другарка ѝ се венчала, а поради тоа што го облекла, добила брутални навреди

1091

Непишано правило е освен невестата, на венчавката никој да не носи бел фустан. Пред сè, тоа е најважниот ден во нејзиниот живот и не би требало да биде во нечија сенка.

Сепак, гостинка на една венчавка го изигнорирала ова правило и предизвикала бес кај сите луѓе кои виделе што облекла.

Таа објавила фотографија на која позира во бел, долг фустан кој го носела тој ден, а во описот напишала дека нејзиниот фустан е „совршена големина, толку многу е секси и едноставен“ и дека „сите во неа гледале“.

Сепак, испуштила еден „мал детаљ“ кој на голема жалост, сите интернет корисници го забележале. Имено, нејзиниот тесен, бел фустан изгледа како венчаница, па многу лесно забележале дека би можеле многу лесно да ја помешаат со невестата.

Нејзината фотографија е објвена на Редит под наслов „Нормално дека сите те гледале бидејќи буквално си облекла венчаница на туѓа венчавка“, и тоа било единствениот цивилизиран коментар.

Останатите корисници не ги штеделе зборовите со намера да ја навредат девојката, а за тоа колку се изнервирале од нејзината постапка, покажува емотиконот од свиња кој го ставиле наместо нејзината глава.

„Ако видам некого во ваков фустан на својата венчавка, без проблем ќе му истурам чаша црвено вино“, „Како само успеала да се осмели да дојде на туѓа венчавка во венчаница која не ја испеглала“, „Можеби луѓето ја гледале бидејќи не го испеглала фустанот“, се само некои од коментарите.