Застрашувачка снимка: Се заканува ли нов судир? Возови полни со борбени возила влегуваат на истокот на Украина

837

И покрај договорот за воспоставување на прекин на огнот и продолжување на повлекувањето на трупите од контактните линии, украинските вооружени сили и натаму собираат големи количини на воена опрема во Донбас.

Преносот на воената опрема го забележале очевидци на територијата која ја контролира Украина. На кадрите може да се видат советски борбени возила, повеќенаменски амфибиски оклопни транспортери, тенкови, војска, мобилни болници.

“Го видов овој воз на една од железничките станици на пат кон Донбас! Киев користи огромни возови со опрема и тенкови, па затоа господа, подгответе RPG, ATGM и се што имате! Само да знаете дека ве мразат сите во Киев”, вели очевидецот кој видеото го пратил на една група во Донбас.

Покрај тоа, службеник на прес службата на Народната полиција на ЛПР, Иван Филипоненко, на брифинг рекол дека набљудувачите на OEBS минатата недела забележале недостиг од 65 единици воена опрема и оружје во складиштата. Податоците за тоа биле објавени на официјален извештај на Мисијата.

“Набљудувачите забележале отсуство на 10 тенкови T-64, 11 единици хаубици D-30, 16 минофрлачи 2C9 Nona, 10 противтенковски топови MT-12 Rapir и хаубици 2C1 Gvozdik”, рекол тој.