На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како затворениците од струмичкиот затвор се изживуваат врз поранешниот началник на полициската станица Кочани, Ванчо Тодоровски, кој и самиот издржува казна затвор.
На едно од видеата се слуша како останатите затвореници го приморуваат Тодоровски да земе метла и да мете за да може да го снимаат.
Поранешниот полициски началник беше уапсен во 2012 година како вмешан во случајот „Детонатор“. Случајот однесе над 20 лица во затвор кои се обвинети за рекет, уцени, лихварство, перење пари и други кривични дела.
Тодоровски прво беше разрешен од функцијата началник на ПС Кочани од страна на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а потоа беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување и изнуд.
Во текот на судскиот процес, повеќе лица вмешани во случајот тврдеа дека се наместени од тогашната власт.