Иако уште не е завршена првата полусезона од актуелното првенство, Барселона напорно работи на засилувањата за догодина.
Прв на списокот е францускиот интернационалец Адриен Рабио кој на крајот од оваа сезона ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со ПСЖ. Фудбалерот може да преговара со други клубови од 1 јануари, а Барселона уште сега има договор со него.
Наводно, тој се согласил за плата од 10 милиони евра по сезона, а бонус ќе добие и неговата мајка која му е агент. Барса ќе го добие фудбалерот без никаква отштета.