Германскиот фестивал на пивото, Октоберфест заврши во неделата откако го посетија 6,3 милиони посетители помеѓу кои Бил и Хилари Клинтон. Околу 7,5 милиони литри пиво се испило на овогодинешниот фестивал во Минхен, еднакво исто колку и минатата година со 10 % повеќе безалкохолни пијалаци, рекле организаторите.
Убавото летно време привлече 100.000 посетители, додека бројот на казнени дела беше за 10 % помал во однос на 2017 година.
“Ова беше супер фестивал”, рекол градоначалникот на Минхен, Џозеф Шмид.

Без оглед на падот на криминалот, овогодинешниот фестивал беше засенет од смртта на еден посетител кој бил дел од тепачка и почина после неколку удари во главата.
Помеѓу овогодинешните посетители беше и поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари Клинтон.


