Заврши состанокот на комисијата за заразни болести: Нема да има карантин

882

Комисијата за заразни болести денеска имаше состанок на кој не предложи нови мерки до Владата. Тоа значи дека ќе нема никакви нови дополнителни мерки, односно ќе нема викенд карантин.

На сила останува мерката полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае до 6 април.

Комисијата за заразни болести оваа одлука ја донесе по согледувањата на новозаразените во последните неколку дена. Иако бројките се во пораст, сепак, Комисијата одлучи да нема дополнителни мерки.

Комисијата ќе заседава повторно најверојатно во понеделник.