Tесните фармерки се едни од најпопуларните модели, чија популарност речиси никогаш не се намалува.
Но, ако ги следиме трендовите за следната сезона, ќе одмориме малку од „skinny“ моделите.
Тенденциите за 2019 година велат дека фармерките со рамен крој ќе бидат апсолутен хит. Модните инсајдери и блогерки веќе го прифатија овој тренд, па оттаму можете да црпите инспирација за комбинациите.
Бидејќи имаат едноставен и минималистички изглед, прилегаат на сите градби на телото, а лесно се вклопуваат и во различни стајлинзи.
На пример, можете да ги носите и со балетанки, патики и со чевли и со чизми. Совршено изгледаат со впечатливи широки блузи, блузи со карнери, светки….
Исто така, вакви фармерки со едноставна блуза, кариран капут и каубојски чизми се добитна комбинација.
Џемпери и фармерки со ногавици во прав крој, како и ремен се супер избор за лежерна, а тренди комбинација.
Во продолжение погледнете и неколку предлози. Како ви се допаѓаат?