За прв пат по трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица, се огласи Ванеса Брајант.
Вдовицата на Коби Брајант која во големата трагедија која го потресе целиот свет ги загуби својата ќерка и сопруг, неколку дена по трагедијата собра сили за да се обрати на целиот свет.
„Девојките и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои покажаа поддршка и љубов во ова ужасно време. Ви благодарам за молитвите. Дефинитивно ни се потребни. Ние сме целосно уништени поради ненадејната загуба на мојот прекрасен сопруг Коби – неверојатниот татко на нашите деца; и мојата прекрасна, слатка Џијана – прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри. Ние сме уништени и поради семејствата кои ги загубија своите сакани во неделата и ја делиме нивната тага. Нема зборови со кои може да се опише болката. Ме теши тоа што знам дека Коби и Џиџи знаеа колку беа сакани. Неверојатно сме благословени што ги имавме во нашите животи, би сакала да се со нас засекогаш. Не сум сигурна што носат нашите животи и невозможно е да се замисли животот без нив. Меѓутоа, ќе се будиме секој ден обидувајќи се да живееме затоа што Коби и Џиџи ни го осветлуваат патот. Нашата љубов е бескрајна и не може да се измери“, напиша Ванеса Брајант на Инстаграм.
Ванеса меѓу другото ги замоли фановите да ја почитуваат нивната приватност и најави дека “Mamba Sports Foundation” ќе отвори фондација за поддршка на семејствата погодени од трагедијата.