Со Пол Погба ќе почне реконструкцијата на тимот на Реал Мадрид кој планира повторно да биде конкурентен со Барселона, а со тоа и во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми тврдат дека на ова се работи секој ден и дека во Реал веќе имаат идеја како да дојдат до посакуваното. Наводно, планот е да се понуди Герет Бејл плус пари за Пол Погба чија вредност се проценува на 150 милиони евра.
Велшанецот оваа сезона одигра 38 натпревари и постигна 19 гола, а куриозитет е тоа што не се мачи со повреди како претходните сезони во Реал.