Здравко Чолиќ ја откри главната причина за караниците со својата сопруга

635

За приватниот живот на популарниот пејач Здравко Чолиќ малку се знае. За него и неговото семејство се знае малку, па вистинска ексклузива е кога Чола ќе се согласи да зборува за семејството, посебно кога ќе открие која е причината занајчестите караници со сопругата Александра.

Мојата сопруга најмногу ми се лути што сум попуслив кон ќерките. Таа не може да сфати зошто сум толку мек спрема нив и не можам да им кажам не, додека, пак, таа главно е строга“, истакна Чола.

Популарниот пејач, зборувајќи за своите дами, истакна дека неговите ќерки, посебно помалата Лара, не се свесни за популарноста на својот татко.

Уна веќе и знае и свесна е кој е татко и’, за разлика од Лара, која е помала. Таа сфаќа дека татко и’ не е само типот што седи и одмора на каучот дури кога другарките ќе и’ побараат влезници за концерт“, откри Здравко.