Здравко Чолиќ: Тито, па јас… Тие сме!

1042

Здравко Чолиќ кој неодамна го промовираше видеото за темата “Тебе чувам за крај”, во кое се појавува и неговата сопруга, во едно интервју за српските медиуми открил дека е горд на се што успеал да постигне во овие 45 години музичка кариера и потенцирал оти кога би се вратил назад во времето апсолутно ништо не би менувал.

“Сите велат дека после Тито сум јас. Мене тие констатации малку ми се смешни, но и ми годат. Најверојатно луѓето ме доживуваат така затоа што имам алтруистички пристап за време на концертите, не правам разлики меѓу луѓето, не сум расист и разговарам со сите. Каде и да се појавам во земјите од екс Југославија сум дочекан со насмевка и секаде сум добредојден, па затоа публиката ја потсетувам на Тито”, рекол Чола кој во моментов е актуелен со материјалот “Оно мало среќе”.

На прашањето, пак, како е да се биде Здравко Чолиќ, пејачот одговорил:

“Успеав да останам нормален и верен на својата публика и работата. Пред 20 години велев дека е многу убаво да се биде Чола, а денес ќе кажам дека е по малку тешко затоа што веќе не сум млад, згоден и убав”, низ насмевка прокоментирал Здравко.